Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во тесен, возбудлив и неизвесен натпревар, кошаркарите на Куманово успејаа да ја совладаат екипата на Торус од Скопје. Конечниот резултат на натпреварот беше 83:78.
Генерална оценка за натпреварот е дека беше тесен и тензичен, со цврста игра и жестоки дуели. Куманово мораше да оди на победа, додека Торус иако немаше што за загуби во овој меч сакаше да ја одбрани честа и продолжи во победнички ритам. Домаќинот водеше во поголемиот дел од натпреварот но не повеќе од 7 поени разлика.
Куманово настапи со две засилувања, кои донесоа поголема сигурност во текот на мечот. Крилото Милан Јањушевиќ и центарот Ивица Благоевиќ се новите играчи во ротацијата на тренерот Димитријевиќ. Јањушевиќ настапи како стартер и пружи добра партија со 16 поени и 5 скока. Најефикасен во нашиот тим беше Дејан Микиќ со 22 поени 8 скока, а веднаш зад него беше Дарко Матиќ со 20 поени. Кај Торус најдобар беше Бојан Трајковски со 20 поени и 7 скока, додека Јелисијевиќ, Миљковиќ и Крстевски имаа 10 поени.
Во наша корист оди и победата на АБА Струмица против екипата на Лирија со 72:60. Сега АБА е петта со 24, а исто толку има и Куманово кое е шесто поради полошата кош разлика. Лирија има 23 а во следниот натпревар се среќава со Куманово. Кумановци со победа во Сарај ќе ја остварат зацртаната цел на почетокот на сезоната - пласман меѓу најдобрите шест екипи во македонското кошаркарско првенство.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk