Куманово на местото на Вардар во ракометната Супер - лига

19.08.2010 18:29 | KumanovoNews

Раководството на МРК Вардар одлучило да се повлече од натпреварувањето во Супер - лигата каде на нивно место треба да влезе составот на Куманово.

Куманово на местото на Вардар во ракометната Супер - лига

До ракометната федерација на Македонија, сеуште не е стигнато соопштение, со кое се потврдува учествотно на МРК Вардар. За да се задржи бројот од осум екипи, и распоредот на натпревари кој веќе е готов, на местото на МРК Вардар влегува најдобро рангираната екипа од Прва лига, а тоа е Куманово. 

Иако разврската е позната сепак сеуште не е официјална. Во сабота има состанок на прволигашите, после која ќе биде познато колку екипи ќе брои машката и колку женската лига и дали покрај учеството на кошаркарите во најсилното првенство, ќе имаме претставник и во Ракометната Супер лига. Доколку се оди во најдобар ред, во првото коло кумановци ќе гостуваат во Битола каде ќе играат против Пелистер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk