Куманово не успеја да ја победи Лирија

15.03.2014 20:15 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово не успејаа да забележат нова победа во натпреварот против големиот ривал Лирија.

Куманово не успеја да ја победи Лирија

Куманово имаше почетно водство на натпреварот до средина на првиот период, но потоа гостите од Сарај направија разлика од максимални 13 поени разлика. Во продолжението од мечот Куманово успеја да направи кам-бек, дури и да поведе на неколку минути пред крајот на натпреварот но сепак на крајот забележа нов пораз.

Урош Луковиќ и Вукашин Мандиќ беа најефикасни поединци во домашниот состав со 28 односно 24 поени. Кај гостите Бојан Трајковски постигна 33 поени.

Конечен резултат на натпреварот беше 87-90.

Следниот натпревар Куманово го игра против екипата  на Кожув во рамките на БИБЛ лигата на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk