Куманово непобедлив во БИБЛ лигата

15.11.2016 22:54 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово останаа со стопроцентен учинок, одкако денеска беа подобри од тимот на Берое со резултат 82-72.

Куманово непобедлив во БИБЛ лигата

Победникот на натпреварот беше познат во последната четвртина кога Куманово направи серија која беше недостижна за гостите од Бугарија. Во првиот период кумановчани имаа водство но подоцна следуваше пад во нивната игра и неизвесен натпревар. Куманово беше во свој елемент и постигна 14 „тројки“ на денешниот натпревар, по го завзема врвот на табелата во групата А, како единствена непоразена екипа. Натпреварот заврши со резултат 82-72, а најефикасен поединец на натпреварот беше Марјан Јаневски со 26 поени и 9 скока. Кај гостите Шејн Гибсон постигна 19 поени.

Куманово следниот натпревар го игра против тимот на Работнички на гостински терен во рамките од домашното првенство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk