Ракометна сабота, прв натпревар од Купот за ракометарките, последен од првенството за ракометарите

18.03.2022 13:19 | Стефан Николиќ

Овој викенд започнуваат натпреварите од Купот на Македонија кој оваа сезона е организиран во четири групи. Натпреварите од групата Г ќе се играат во Куманово.

Ракометна сабота, прв натпревар од Купот за ракометарките, последен од првенството за ракометарите

Во сабота со почеток во 16 часот, се игра првиот натпревар помеѓу Куманово и Пелистер. Победникот од овој натпревар во недела од 16 часот ќе се сретне со екипата на Деспина. 

Екипата на Пелистер сеуште нема победа во Супер-лигата, додека Деспина победи само на еден натпревар, што го прави Куманово апсолутен фаворит во оваа група.

Победниците од групите подоцна ќе настапат на Фајнл-фор.

МРК Куманово го игра последниот натпревар од Првата лига - Б, и овој натпревар ќе се игра во сабота од 19 часот. Противник е тимот на Голден Арт, кој е второпласиран на табелата, додека Куманово се четврти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk