Куманово по ново изненадување против МЗТ

24.05.2016 10:56 | KumanovoNews

Екипата на Куманово денеска ќе се обиде да направи ново изнендување во салата Јане Сандански против тимот на МЗТ Скопје Аеродром.

Куманово по ново изненадување против МЗТ

Актуелниот шампион на гостувањето во Куманово покажа дека поразот во првиот натпревар не направил голем проблем во сопствените редови, па доста сигурно и самоуверено настапија во преполната Спортска сала каде што не му дозволија на Куманово да дојде на чекор до титулата.

Во првиот дуел на финалистите, Куманово имаше одличен натпревар, а Бојан Трајковски пружи вонсериска партија и ја донесе првата победа на Куманово на гостински терен против МЗТ. Квалитетот, подолгата клупа е на страната на МЗТ Скопје, меѓутоа доколку Куманово вечерва има поединец кој ќе биде енигма за одбраната на МЗТ како што беше Трајковски во првиот натпревар, дефинитивно кумановчани ќе имаат приклучок на натпреварот и шанса за ново изненадување.

Натпреварот започнува во 19 часот, со пренос на МРТ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk