Куманово по втора суперлигашка победа во Градски парк

17.03.2017 12:30 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово во недела и гостуваат на екипата на Работнички во Скопје, во рамките од второто коло од Супер лигата.

Куманово по втора суперлигашка победа во Градски парк

По возбудливото отворање на сезоната, кумановчани ќе се обидат да забележат нова победа во најквалитетното кошаркарско натпреварување, овој пат против големиот ривал Работнички. Тимот од Градски парк беше поразен во првото коло од Карпош Соколи па во недела сигурно ќе смета на победа во дуелот против Куманово. Натпреварот започнува во 18 часот.

Во останатите два натпревари, Кожув го пречекува МЗТ Скопје Аеродром, додека Фени Индустри ќе игра против Карпош Соколи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk