Куманово победи во Гевгелија

07.05.2015 11:06 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово забележаа победа на гостувањето кај тимот на Кожув со резултат 84-86. Со оваа победа, направија голем чекор кон третата позиција и пласманот во Плеј-оф.

Куманово победи во Гевгелија

Уште на почетокот на мечот, Куманово успеја да направи десет поени предност со што покажа дека е дојден да ги земе двата бода во Гевгелија.

Следуваше одговор на Кожув, но домаќините во ниеден момент од тие четириесет минути немаа водство. Максимумот беше нерешен резултат кој беше на четири моменти од средбата. Куманово на полувреме замина со 15 поени предност, но разликата паѓаше како се ближеше крајот на мечот. Следуваше неизвесна завршница и нерешен резултат на минута до крајот на натпреварот. Луковиќ беше прецизен два пати од линијата за слободни, а Караџовски погоди четири слободни фрлања во низа, за победа на Куманово со резултат 84-86.

Караџовски со 23 поени, 7 скока и 4 асистенции беше најефикасен на мечот, со што потврдува дека неговото доведување е вистински потег на тимот на Куманово.

За Кожув Златко Гоцевски постигна 21 поен.

Во останатите натпревари, Фени го изненади шампионот МЗТ Скопје, и триумфираше со резултат 73-69, додека Работнички ги совлада Соколи со резултат 73-81.

МЗТ Скопје има 40 бода, Работнички 39, а Куманово е третопласиран со 38 бода. Четврти е Фени со освоени 36 бодови, Карпош Соколи се петти со 35 бода, а Кожув е шести со 34 бода.

Во следното коло кое се игра за два дена, МЗТ Скопје ќе биде домаќин на Куманово, Фени Индустри ги пречекува Карпош Соколи, а Работнички ќе биде домаќин на Кожув.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk