Куманово победи во трилер меч против Галил Гилбоа

26.11.2013 18:43 | KumanovoNews

Во Куманово падна актуелниот БИБЛ шампион. Израелската екипа Галил Гилбоа изгуби од кошаркарите на Куманово со резултат 92:99 во продолжение на натпреварот.

Куманово победи во трилер меч против Галил Гилбоа

Љубителите на кошарката во Спортската сала во Куманово гледаа фантастичен и до крај неизвесен меч.

Куманово подобро го започна натпреварот,  но сепак гостите од Израел се вратија во натпреварот и завршија со предност во првото полувреме. Во продолжетокот разликата на гостите стигна и до 8 поени разлика, меѓутоа Куманово со неколку реализирани акции, и водство на Паран успејаа да се вратат во резултатски приклучок.

Се играше од кош за кош се додека не се случи немилиот настан на трибините, кога едно момче се онесвести и публиката побара лекарска помош, по што натпреварот беше прекинат десетина минути.

Во продолжението Куманово имаше неколку добри акции каде што ја зголеми разликата на 4 поени. Тимот на Галил успеа во следниот напад да погоди за три поени и резултатот на триесетина секунди пред крај да биде 81:80.

Ројс Паран во следниот напад ги погоди двете слободни фрлања но сепак Симон погоди три поени и го изедначи резултатот. Следниот напад Мишковиќ погоди по одличното демаркирање погоди за два поени, но сепак во следниот напад Џексон оствари офанзивен скок и го изедначи натпреварот кој отиде во продолжение со резултат 85:85.

Вукашин Мандиќ беше играчот кој влезе во серија со 5 поени, кога Куманово поведе со 92:90. Марјан Младеновиќ постигна три поени и веќе домашната екипа се наоѓаше на 5 поени позитива. По промашениот шут на Галил Гилбоа, Паран го предводеше нападот и при одличното додавање до Мишковиќ беше досудена неспортска лична грешка, по што следуваа два погодени пенала и напад за Куманово.

Кошаркарите на Галил Гилбоа не го искористија нападот, по што следеше контра-напад и поени на Јаневски.

Натпреварот заврши со резултат 99:92, во кој најефикасен поединец беше Ројс Паран со 33 поени. Вукашин Мандиќ постигна 21 поен а Иван Мишковиќ го заврши натпреварот со 17 поени.

Кај гостите Џексон постигна 26 поени.

Со оваа победа, Куманово се искачи на првата позиција со 4 победи и 1 пораз.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk