Куманово подобар од Македонија млади

02.11.2013 12:10 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово вчера издвојуваа победа против екипата на Македонија млади со ерзултат 91:78.

Куманово подобар од Македонија млади

Носителите на играта на Куманово добија слободен викенд и не беа во составот за овој меч. Мандиќ и Мишковиќ не влегоа во игра иако беа во составот за овој меч, а од тимот беше изоставен Станимировиќ.

Натпреварот за Куманово го одиграа кошаркари кои имаат помала минутажа во регуларниот дел од сезоната. Единствена резултатска негатива нашиот тим ја имаше во почетокот на третиот период, но подоцна Куманово го направи водството убедливо.

За екипата на Куманово, кумановчанецот Кристијан Маневиќ беше најуспешен кошаркар на мечот со постигнати 20 поени, а 18 придодаде Марјан Јаневски.

Кај гостите Бакоч постигна 22 поена.

Следното коло се игра во вторник, кога Куманово ја пречекува екипата на Фени Индустри.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk