Куманово против МЗТ за второ место на табелата

20.04.2016 10:06 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово денеска го пречекуваат актуелниот шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Куманово против МЗТ за второ место на табелата

Натпреварот се игра во рамките на 27.коло по кое најверојатно ќе ја имаме конечната разврска на табелата. Единствено со победа против МЗТ, Куманово може да ја освои втората позиција на табелата. Куманово во второто коло од првенството успеја да го изненади МЗТ Скопје на домашен терен.

Во исто време се игра уште еден дерби натпревар помеѓу екипите на Карпош Соколи и Фени Индустри, па доколку Соколи триумфираат денеска не би требло да има промени на табелата во последното коло. Пораз за тимот од Карпош би значел и шанса за кумановчани но пред се и за Фени Индустри, имајки во предвид дека во последното коло Карпош Соколи му гостуваат на актуелниот шампион.

Натпреварот се игра во Спортската сала со почеток во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk