Куманово се пласираше во Плеј-оф

11.05.2015 13:33 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово го забележаа најголемиот успех во новата историја на клубот, одкако по завршување на деветото коло и официјално се пласираа во Плеј-оф разигрувањето.

Куманово се пласираше во Плеј-оф

До крајот на Суперлигашкиот дел од првенството остануваат уште две кола, во кои МЗТ Скопје, Работнички, Куманово и Фени индустри ќе треба да се распределат од првата до четвртата позиција.

Куманово во последните две кола игра најпрвин со Работнички, а во последното коло гостува на Фени Индустри.

Математички гледано, Кумановчани максимално можат да ја освојат втората позиција, со две победи во следните два натпревари и пораз на Работнички во последното коло.

Работнички е противникот кој повеќе би му одговарал од двата скопски ривали, па задржување на третата позиција значи и шанса плус за Куманово. Доколку Куманово победи во среда, тогаш би имале скор 2-2 победи и порази и ниедна од екипите не би започнала со предност кога би се сретнале во Плеј-оф.

Фени Индустри е екипата која и дише во врат на Куманово, има бод помалку и сигурно за цел во следните две кола ќе има да го избегне МЗТ Скопје, иако ако некој го има скалпот на аеродромци тоа е сигурно тимот од Кавадарци.

Натпреварот помеѓу Куманово и Работнички ќе се игра во среда со почеток во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk