Куманово се засили со два кошаркара од Србија

18.08.2017 14:17 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Куманово го комплетира ростерот во пресрет на новата сезона, па од денеска плаво-белите се посилни за Мирко Ковач и Немања Миљковиќ.

Куманово се засили со два кошаркара од Србија

Миљковиќ игра на позицијата крилен центар, висок е 206 центиметри и минатата сезона играше за Левски во словачката лига каде што постигнуваше 10 поени во просек.

Ковач е искусен кошаркар, има 34 години и големо кошаркарско „педигре“. Минатата сезона настапуваше во грчкото првенство во тимот на Короибос, а предходно има играно за Црвена Ѕвезда, Партизан, ОКК Београд, романските Краиова и Питешти а препознатлив е по одличниот шут за три поени.

Неофицијално Куманово подготовките ќе ги започне следната недела, а се очекува уште едно засилување на центарската позиција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk