Куманово со лесна победа над Кожув

10.02.2020 09:26 | KumanovoNews

КК Куманово на домашен терен, во рамките на домашниот шампионат, забележа значителна победа против Кожув со резултат 79:67.

Куманово со лесна победа над Кожув

Иако во првата половина од натпреварот Куманово замина со разлика од само четири коша (41-37), сепак кон крајот од натпреварот, иако гостинот се држеше добро, успеаја да победат со разлика од 12 гола.

Во КК Куманово најефикасни беа Атанасов со 21 и Стојановски со 19 кошеви.

Во наредното коло кошаркарите на Куманово ќе играат со екипата на МЗТ Уни Банка Скопје која во домашното првенство досега нема забележано  победа. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk