Куманово со ново засилување ќе брка победа против Еуро Никел

18.03.2022 13:05 | Стефан Николиќ

Андрија Марјановиќ е новото засилување на Куманово со кое ќе се обидат во недела да забележат победа против тимот на Еуро Никел од Кавадарци.

Куманово со ново засилување ќе брка победа против Еуро Никел Фото: Mega Bemax/Ivica Veselinov

Српскиот интернационалец има 23 години, игра на позициите 2-3 и во својата кариера настапувал во младинскиот тим на Барселона, младинската репрезентација на Србија со која има злато на Европско првенство до 18 години, а во сениорската кариера играл за Мега, Беовук, Слобода Ужице, Златибор и Металец.


Еуро Никел ќе дојде по победа бидејќи се наоѓа на шесттата позиција на табелата со 10 победи и 8 порази колку што има и Феникс 2010 кој е на седмото место. 
Натпреварот се игра во недела во 18:30.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk