Куманово со трет тренер оваа сезона против Струмица

26.02.2016 11:36 | KumanovoNews

Екипата на Куманово утре во 19 часот на чело со Марјан Србиновски ќе игра против екипата на Струмица.

Куманово со трет тренер оваа сезона против Струмица

Куманово е апсолутен фаворит во овој натпревар и вистинско чудо би било доколку не ја продолжи победничката серија во домашното првенство, која засега брои осум победи.

Струмица на почетокот на првенството покажа дека може да го изненади Куманово, меѓутоа овој состав на струмичани е далеку послаб од тој кој играше на почетокот на првенството.

Турбуленциите повторно се дел од тимот на Куманово, а како Србиновски ќе се справи со нив останува да видиме.

Натпреварот се игра утре во Спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk