Куманово суспендиранo поради долг кон МКФ, службено загуби од Кожув

02.05.2019 20:29 | KumanovoNews

Екипата на Куманово службено го загуби мечот против Кожув, поради долг кон Македонската кошаркарска федерација (МКФ). КК Кожув доби службена победа од 20:0.

Куманово суспендиранo поради долг кон МКФ, службено загуби од Кожув

Клубовите должници кон МКФ неодамна добија последно предупредување. Федерацијата им даде ултиматум долгот да го платат на четири рати, а првата требаше да биде уплатена најдоцна до 30 април. Кумановскиот клуб не го сторил тоа и доби суспензија.

 Суспензијата трае се до уплата на сумата. Престојниот викенд Куманово треба да ја пречека екипата на Блокотехна, но тоа ќе го стори само доколку овие денови ја плати првата рата од долгот, во спротивно ризикува нов службен пораз и преселба во понизок ранг.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk