Куманово утре гостува на Работнички

06.05.2014 09:41 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово утре во салата Парк гостуваат на тимот на Работнички.

Куманово утре гостува на Работнички

Куманово во последниот натпревар доживеја пораз од екипата на МЗТ Скопје, по што заедно со уште Лирија и Работнички имаат ист однос победи и порази на табелата. Натпреварот се игра во рамките на осмото коло на табелата, и со сигурност победникот во овој дуел ќе има поголеми шанси за пласман во Плеј-оф.

Во првиот натпревар помеѓу овие две екипи, Куманово победи со 10 поени разлика па кумановчани ќе имаат за задача да ги бранат оваа предност, доколку дојде до триаголник да имаат подобар меѓусебен дуел што води до повисоко место на табелата.

Натпреварот се игра во салата Парк со почеток од 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk