Куманово во петок го пречекува Фени Индустри

05.11.2014 12:41 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово во петок во Спортската сала ја пречекуваат екипата на Фени Индустри.

Куманово во петок го пречекува Фени Индустри

Тимовите на Фени Индустри, Куманово и Карпош Соколи се на делбата на првата позиција на табелата со три победи и еден пораз.

На турнирот „Куманово 2014“, овие два тима играа меѓу себе и гостите од Кавадарци успејаа да извојуваат победа со 84-86.

Сепак составите кои настапија кон средината на септември и оние кои ја играат сезоната претрпеа мала промена во подготвителниот период.

Фени Индустри во составот сега има пет странски играчи. Покрај Американците Микал Амонс и Адам Кемп, Бошко Јововиќ има играно за Лирија пред две сезони, а тука се и Србинот Горан Гајовиќ кој минатите две сезони настапуваше за АБА-лигашот Игокеја, и Хрватот Карло Враговиќ кој има богато искуство во АБА лигата, играјки за Задар, Цибона и Широки.

На одличните странски играчи, се придодадени едни од поквалитетните домашни кошаркари, како Дарко Радуловиќ(поранешен играч на Куманово), Димитар Караџовски, Горан Самарџиев и Тони Симиќ.

Тимот на Фени е дефинитивно незгоедн противник, и минатото коло го нанесе првиот пораз на тимот на Карпош Соколи, а во првиото коло успејаа да забележат победа и против МЗТ Скопје.

Куманово имаше лесна задача минатото коло против Гоце Делчев Штип.

Натпреварот се игра во петок, во Спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk