Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово го загубија вчерашниот натпревар од МЗТ Скопје со резултат 77 - 85.
Околу 6000 љубители на кошарката имаа можност да го проследат натпреварот кој беше неизвесен до последните минути, но и со инциденти на трибините. Куманово одлично го започна натпреварот и на крај од првата четвртина имаше предност од 3 поени. Дарко Матиќ беше расположен од стартот на натпреварот, за да на крај запише 26 поени и 5 скока, а одлични беа Радојчиќ(16) и Петриќ(12). На крајот од првото полувреме Куманово имаше негатива од два поени, а третата четвртина беше нерешено. Натпреварот се реши кон средината на последната четвртина кога под водство на Јане Петровски(20 поени и 7 асистенции) и Кирил Николовски(19 поени и 7 скока) МЗТ поведе со 10 поени разлика за да на крај натпреварот заврши со конечен резултат 77 - 85.
На натпреварот имаше и мали инциденти, предизвикани од навивачките групи Кумани и Фемили.
Одкако Куманово одигра со сите претенденти за титулата, го очекуваат „полесни“ противници каде можеме да ја очекуваме и првата победа. Веќе во среда гостуваат во Битола против Пелистер, а следната сабота на домашен терен го пречекуваат Ултимејт Баскет од Прилеп.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk