Куманово загуби од Лирија

11.02.2012 19:35 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија несреќно на гостувањето во Сарај против кошаркарите на Лирија. Конечен резултат на натпреварот е 98:92.

Куманово загуби од Лирија

Кумановчани покажаа дека се сериозен кандидат за Плеј-оф, па можеби немаа среќа во завршницата од натпреварот да слават против големиот конкурент од Сарај. При нерешен резултат од 88:88 Мирослав Петровски ги промаши двете слободни фрлања, по што екипата на Лирија воспостави повторно контрола на мечот. Александар Костовски и Дарко Матиќ беа најефикасни во Куманово со 23 постигнати поени. Милан Јанушевиќ целосно потфрли на овој натпревар на кој направи само пет лични грешки без да постигне ниту еден поен.

Кај победникот, најефикасен беше Диме Тасовски со 35 поени, а Владимир Филиповиќ постгна 17 поени.

Следниот натпревар Куманово го игра против МЗТ Скопје во среда, на домашен терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk