Куманово загуби од МЗТ Скопје

21.05.2016 20:29 | KumanovoNews

Екипата на Куманово го загуби вториот натпревар од финалната серија од МЗТ Скопје Аеродром со резултат 75-82.

Куманово загуби од МЗТ Скопје

Натпреварот се одигра во преполната Спортска сала, а бројот на гледачи на денешниот натпревар сигурно спаѓа меѓу најпосетените натпревари во историјата на Куманово. Поради голема кондезација, натпреварот беше одложен неколку пати.

Сепак играта на Куманово не беше на задоволително ниво, и МЗТ Скопје уште во првата четвртина направи предност од 8 поени, која во втората четвртина стана и двоцифрена. Проблем за Куманово беше тоа што Мишановиќ, Мандиќ и Јаневски имаа три лични грешки уште во првото полувреме, а на Бојан Трајковски во првиот период му беа досудени четири фаула.

Куманово во второто полувреме преку шутот за три поени се обиде да ја врати неизвесноста на натпреварот и да ја запали атмосферата во Спортската сала. Во тоа не успеја, МЗТ го контролираше мечот и го постави конечниот резултат 75-82.

Бојан Трајовски постигна 18 поени за тимот на Куманово, и повторно го водеше тимот посебно во првото полувреме. Марко Луковиќ беше најефикасен во победничкиот тим со 16 поени.

Овие две екипи сигурно ќе одиграат уште два натпревари, а првиот од нив ќе се игра во вторник. Натпреварот од трибините го проследи и Перо Антиќ.

Серијата е изедначена, а сигурно е дека ќе гледаме уште возбудувања на натпреварите помеѓу овие две екпии.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk