Куманово загуби од Соколи по продолженија

27.03.2017 17:59 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија од Карпош Соколи по продолженија со резултат 88-91.

Куманово загуби од Соколи по продолженија

Очигледно Соколи повторно го потценија составот на Куманово, само што во овој натпреар кумановчани не успејаа да забележат победа. Соколи водеа речиси цело време, но Куманово пред крај на натпреварот успеја да го изедначи резултатот и да замине во продолжение.

АБА лигашот беше поумешен и на крај забележа победа со резултат 88-91.

Бојан Трајковски постигна 19 поени за тимот на Соколи. Браун со 20 поени беше најефикасен во тимот на Куманово.

Ова е втор натпревар кој Куманово го губи на домашен терен по продолжение. Следниот натпервар Куманово во игра против Пеќ во БИБЛ лигата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk