Куманово загуби од Соколи во првиот полуфинален дуел

06.05.2016 18:53 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија во првиот полуфинален натпревар од тимот на Карпош Соколи со резутлат 97:91.

Куманово загуби од Соколи во првиот полуфинален дуел

По неизвесното прво полувреме, тимот Соколи имаше одлично отварање на вториот период и успеја да направи разлика од 14 поени. Болтиќ и Шепа го полнеа кошот на кумановци, кои се разбудија кон крајот на третиот период. Тројките на Караџовски, Јаневски и Симоновски го вратија Куманово во игра, меѓутоа забивањето на Болтиќ по промашениот обид на Шепа го упали алрмот на Куманово. Костовски со брзи четири поена ја врати неизвесноста на мечот, и тренерот Матиќ мораше да бара тајм-аут.

Филип Шепа постигна 24 поени а Марко Болтиќ го заврши натпреварот со  22 поени и 9 скока. За Куманово Бојан Трајковски постигна 20 поени.

Следниот натпревар се игра во недела во Спортската сала, каде што Соколи имаат предност од 1-0.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk