Куманово загуби во првиот натпревар против МЗТ Скопје

29.05.2015 22:32 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија во првиот натпревар во финалната серија против тимот на МЗТ Скопје со резултат 94-79.

Куманово загуби во првиот натпревар против МЗТ Скопје

Лошиот старт на мечот веројатно ги чинеше кумановчани пораз во денешниот дуел. МЗТ Скопје водеше од самиот почеток на мечот а офанзивниот скок на домаќинот уште на стартот беше огромна предност која неможеше да се стигне до самиот крај.

МЗТ замина со 12 поени предност на полувреме, па се очекуваше одговор од Куманово во продолжението од мечот во кое МЗТ успеја да ја направи и најголемата разлика од 21 поен. До крајот кумановчани не успејаа да намалат на помалку од 9 поени разлика, со што МЗТ славеше во првиот дуел со резултат 94-79. Стефан Синовец со 25 поени беше најефикасен на мечот. Александар Костовски постигна 20 поени за Куманово.

Кумановчани како да изгореја во желбата да триумфираат во во финалниот меч, и овој ладен туш можеби ќе биде и добредојден во натпреварите кои следуваат. За поздрав е и големата бројност на кумановската публика во салата Јане Сандански, која дојде во голем број да ги подржи своите кошаркари и беше побројна од навивачите на МЗТ.

Следниот дуел помеѓу овие две екипи е во недела во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk