Куманово загуби водство од 16 поени и забележа пораз од Кожув

21.11.2015 18:07 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија на натпреварот против Кожув одкако на 5 минути до крајот имаа 16 поени предност. Кожув славеше со резултат 80-83.

Куманово загуби водство од 16 поени и забележа пораз од Кожув

Кожув покажа дека е тврд орев и не му дозволи на Куманово лесен триумф, напротив се бореше до последните минути од натпреварот и успеја да забележи битна победа против директниот ривал за повисока позиција. Куманово водеше на полувеме 4 поени, а во третиот и до средината на четвртиот период делуваше дека ги држи работите под контрола. На 5 минути до крајот на натпреварот, кумановчани имаа водство од 16 поени разлика, меѓутоа тројката на Главчеви и поените на Штерјов и Нешовиќ го вратија Кожув во игра. Од тој момент до крајот на натпреварот, Куманово упати 5 шута за три поени кои не завршија во кошот, а единствените 4 поени во последните пет минути ги постигнаа Јанески и Караџовски. Кожув со серија од 4-23 во последните 5 минути го порази Куманово.

Недисциплината во нападот Куманово ја плати со пораз кој го зацврстува Куманово на шестата позиција на табелата.

Александар Костовски постигна 22 поени а Урош Луковиќ 22 поена и 12 скока во поразот на Куманово.

Брендон Пен беше најефикасен поединец на натпреварот со 31 поен и 11 скока.

Куманово следниот натпревар го игра со финскиот КТП Баскет на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk