Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановски боксери, како дел од македонската јуниорска репрезентација ќе учествуваат на меѓународен турнир ,,LAH NIMANI 2011,, кој утре започнува во Приштина и ќе трае 1 мај.
На турнирот ќе учествуваат Николче Митевски во категорија до 64 кг и Атхе Мисини во категорија до 91 кг.
Освен јуниорскиот, како главен дел на турнирот ќе има и други борби во кои ќе настап и боксерите од нашиот град: Џемаил Садиковски (56кг), Зекир Зекири (56кг), Ибраим Мустафи (60кг), Емран Мустафи (64кг) и Гордан Антиќ (69кг). На турнирот ќе учествуваат боксери од Полска, Чешка, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и домаќинот Косово.
Правдата ќе ја делат 3 судии од Косово и 3 од другите земји учеснички.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk