Кумановски боксери стипендисти за спорт

27.12.2010 06:24 | KumanovoNews

  Агенција за млади и спорт по трет пат ги додели стипендиите -спортска надеж за натпреварувачката 2010/11 година.

Кумановски боксери стипендисти за спорт

Двајца спортисти од Боксерскиот клуб „Фајтер„ од Куманово, Николче Митевски кој боксира во категорија до 64кг. и Адтхе Мисини во категорија до 81 кг. се добитници на стипендиите. Нив ги добија  според доставената ранг листата на Боксерска Федерација на Македонија за најдобри млади боксери до 20 год. За Митевски оваа е трет пат по ред како ја добива стипендија спортска надеж, откако истата ја доби и за сезоната 2007/08, 2008/09, додека Мисини ја доби во 2008/09. Двајцата боксери се и членови на Јуниорска Репрезентација на Македонијаоваа и годината им беше доста успешна, станаа вицешампиони на Македонија во своите категирии, а  имаат и неколку меѓународни медали.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk