Кумановски боксери во трка за спортисти на годината

22.12.2011 13:19 | KumanovoNews

 Двајца кумановски боксери Николче Митевски и Адтхе Мисини се на листа на Боксерската федерација на Македонија за избор на млади и надежни боксери до 20 години на манифестацијата „Спортисти на годината 2011“ што вечерва  ќе се одржи во „Универзалната Сала“ во Скопје.

Кумановски боксери во трка за спортисти на годината

Николче се наоѓа и во потесени избор за најдобар млад спортист на Македонија.

Пред чинот на прогласувањето на победниците ќе бидат доделени дипломи, стипендии и признанија за спортистите кои влегуваат во категоријата „спортска надеж“, како и категоризираните спортисти кои оваа година остварија значајни резултати.

Македонија најдоби спортисти за 2011 година ќе избира во следниве категории: спортист, спортистка, млад спортист, млада спортистка, најуспешен македонски спортист во странство, најуспешна машка репрезентација, најуспешна женска репрезентација, најуспешен спортист со инвалидитет, најуспешен тренер-селектор, најуспешна спортска федерација.

Освен прогласувањето на најуспешните во 10-те категории на манифестацијата „Спортисти на годината 2011“ ќе бидат доделени и две посебни награди. Тоа е наградата за „Животно дело“ како и наградата „Спортски оскар“ наменета за најпопуларниот спортист во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk