Кумановски кикбоксери со два медали на државно првенство

16.05.2014 10:20 | KumanovoNews

Кикбокс клубот “Куманово 2006“ на државно првенство за сениори викендов во Скопје се закити со два медали.

Кумановски кикбоксери со два медали на државно првенство

Никола Петрушевски освои сребрен медал во категорија до 89 кг и Стефан Спасовски бронза во категорија до 75 кг.

Ние сме членка на Кикбокс федерација на Македонија. Учествувавме со двајца натпреварувачи и земавме два медали. Учествуваа повеќе клубови од државата со свои натпреварувачи, имаше силна конкуренција, но ние сепак остваривме добар резултат - вели Сашо Илијевски, тренер на клубот.

Претседателот и тренер на клубот кој е репрезентативец на Македонија во кикбокс  и учествувал на европски и светски првенства очекува успех и во иднина.

Државното првенство е во организација на Кикбокс федерација на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk