Кумановски планинари ќе се искачуваат на Кораб

08.09.2012 08:21 | KumanovoNews

 Планинари од Спортско рекреативниот клуб “Козјак“ од Куманово утре ќе учествуваат на 21 - то традиционално меѓународно искачување на Кораб. Со 2764 метри надморска височина Кораб важи за највисок врв во државата.

Кумановски планинари ќе се искачуваат на Кораб

 Од Куманово заминуваат 25 планинари. Водич на групата ќе биде Марјан Милановски. Патеката во двата правца е долга 18160 метри. Тоа се искусни планинари, со добра психо - физичка подготовка и добра кондиција . Стартот е во 9 часот наутро од караулата Победа која се наоѓа на 1450 метри надморска височина, а попладне во 15 часот планинарите ќе се искачат на врвот- вели Мартин Величковски, секретар на “Козјак“.

Носител на акцијата е планинарското друштво “Кораб“ од Скопје. На искачувањето ќе има планинари од Србија, Словенија, Црна Гора, Бугарија и други земји.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk