Кумановските боксери на првенство во Штип

30.03.2012 11:53 | KumanovoNews

Боксерскиот клуб „Баргала„ од Штип, викендов ќе организира поединечно првенство на бокс, на кое ќе учествуваат 13 екипи од државата.

Кумановските боксери на првенство во Штип

 Боксерскиот клуб „Фајтер„ од Куманово ќе настапи со подмладен состав, бидејќи 2/3 од стандардните првотимци од оправдани причини нема да боксираат.

Боите на Куманово во Штип ќе ги бранат: капитенот Николче Митевски (64 кг), Мехмет Кадриу (91 кг) кг,Џемаил Сакиповски (56 кг), Емран Мустафи (69 кг),Бујар Османи (81 кг), и дебитантите  Никола Димитриевски (60 кг) и Саше Ванчевски (75 кг).

Полуфиналето е  утре во 17.30 часот, додека финалето во недела во 14 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk