Кумановските боксери освоија 7 медали

02.04.2012 07:46 | KumanovoNews

Три златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали освоија боксерите на БК ,,Фајтер,, Куманово на поединечно првенство на бо кс што викендов се одржа во Штип. БК „Фајтер„ е меѓу трите најдобра екипа во државата.

Кумановските боксери освоија 7 медали

Златото го освоија боксерите Џемаил Сакиповски (60кг), Сашо Ванчевски (75 кг) и Мехмет Кадриу (+91 кг), сребрена медала донесе Николче Митевски (64 кг), а Никола Димитриевски, Бујар Османи и Емран Мустафи се закитија со бронзени медали.

Беа прогласени и најдобрите 3 боксерски клуба во Македонија за сезоната 2011/12 во конкуренција на 14 екипи најдобри се

1. БК ,,Тернипе,, Скопје   110 поена

2. БК,, Фајтер,, Куманово    105 поена

3.БК,, Охрид,, Охрид           80 поена

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk