Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кадети и јуниори на БК „Фајтер„, денеска во Скопје ќе се борат за место во репрезентацијата, а воедно ќе си обезбедат виза за претстојното европско првенство младинско што ќе се одржи во Софија.
Во салата „Борис Трајковски„ во рингот ќе влезат Џемаил Сакиповски (56 кг кадет) и Никола Димитриевски (64 јуниор).Тие ќе се борат за место во репрезентација бидејќи има смена на генерации и испразнетите места треба да се пополнат со нови членови. Младите наредната недела ќе имаат шанса во Штип да си обезбедат место во сениорската репрезентација . Денеска на младите подршка ќе им дадат капитенот Никола Митевски и малку постариот 21 годишниот Ванчевски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk