Кумановските кик-боксери освоија 14 медали на Државното првенство во Скопје

14.02.2023 15:18 | Ивана Алексовска

Една златна, шест сребрени и седум бронзени медали, освоија членовите на кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово на Државното првенство во Скопје. Кумановските кик-боксери имаа одличен настап во силна конкуренција и освоија вкупно 14 медали.

Кумановските кик-боксери освоија 14 медали на Државното првенство во Скопје

„Од нашиот клуб учествуваа 27 натпреварувачи, најмногу до сега а верувам и најмногу во историјата на градот Куманово, и остваривме одлични резултати. Имаме освоено 1 златна, 6 сребрени и 7 бронзени медали. Задоволен сум од резултатите, но сето тоа е резултат на напорните тренинзи на нашите натпреварувачи, големиот вложен труд и желбата за овој спорт“, изјави тренерот Оливер Милорадовски.

Со златен медал се закити 18-годишната Симона Денковиќ. Таа повеќе од 5 години е членка на клубот, а ова е трет пат да се натпреварува. Учествувала и на натпреварувања во Белград и Тешањ.

„Уште како малечка имам афинитет кон борбените вештини, јас сум темпераменто дете и овој спорт многу ме исполнува. Среќна сум за освоеното прво место и на сите кои што имаат желба да спортуваат им препорачувам да дојдат и заедно да се дружиме“, вели Симона.

Клубот „Предатор“ постои од 2013 година, интересот за овој спорт е се поголем кај младите. Има деца од 4,5 годишна возраст, но и повозрасни. Тренинзите се еден вид игра за децата, а посебно се води грижа за нивното здравје и заштита да не се повредат.

Еден од помладите членови на клубот, со освоено второ место е и осумгодишниот Михаил Симоновски. За прв пат учествува и задоволен од постигнатиот резултат вели дека ќе продолжи уште поактивно.

Натпреварот е во организација на кик-бокс Федерација на Македонија, организиран на највисоко ниво, кој се повеќе е поблиску до европските и светските стандарди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk