Кумановските кошаркари против екипата на Пелистер

12.10.2019 13:27 | KumanovoNews

Кумановските кошаркари, денес во 18.30 часот, ќе го одиграат натпреварот од Првото коло, против екипата на Пелистер.

Кумановските кошаркари против екипата на Пелистер

"Нашиот тим го очекува прв натпревар против екипа која што како и нашата има амбиции да се бори за место во Суперлига. Очекуваме интересен натпревар, и посакуваме нашиот состав да се прикаже во што поубаво светло на стартот на  новата сезона",- рече Дамир Вујадиновиќ.

Овој натпревар КК Куманово ќе го игра засилен со поранешните кошаркари, Мекиќ, Пенов и Думиќ, како и Марјан Младеновиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk