Кумановските пензионери- спортисти најдобри во регионот

07.06.2011 09:11 | KumanovoNews

 Викендов во Куманово се одржаа Регионалните пензионерски спортски игри. На натпреварувањето во дисциплините: пикадо и фрлање ѓуле, шах, стрелаштво, влечење јаже и атлетика, учество зедоа спортските екипи на пензионерите од Куманово, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип и Злетово.

Кумановските пензионери- спортисти најдобри во регионот

Најмногу први места освоија пензионерите од Куманово, а и останатите учесници постигнаа солидни резултати. Победниците ќе го претставуваат регионот на републичките спортски игри во Струга на 10 септември. По завршувањето на спортската манифестација, пензионерите се дружеа во Домот на пензионерите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk