Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесетина планинари од Куманово ќе учествуваат на традиционалниот планинарски марш.
Спортско-планинарскиот клуб „Козјак„ од Куманово утре организира меморијален марш на падините на планината Козјак во чест на починатиот планинар Појак Калман. Педесетина планинари од Куманово ќе учествуваат на традиционалниот планинарски марш.
Појак Калман се смета за татко на планинарството во Куманово. Меѓу првите планинари и основоположници на клубот итотака и профессор и советник за планианрењето, кој своето знаење несебично го делел на генерациите планинари кои доаѓале. 12 година по ред традиционално го организиртаме овој марш, а патеката им е добро позната на учесниците пешачиме Бајловце-Дејловце со кратка пауза на планинарски чај во домот во Дејловце кој го носи името Појак Калман, оттука продолжуваме за Арбанашко, па до Кокино со пауза на опсерваторијата и турата ја завршуваме со посета на црквата во Старо Нагоричане и споменикот на Зебарњак- вели Мартин Величковски, секртетар во СПК, Козјак.
Спорско-планинарскиот клуб на 5-ти октомври организира презентација за експедицијата на 5-те планинари од Куманово, кои неодамна го освоија највисокиот врв ов Европа , Мон блан.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk