Кумановските планинари се подготвуваат за Монт Блан

16.07.2010 14:36 | KumanovoNews

 Десет планинари од Спортско-планинарскиот клуб Козјак-Куманово на 25 јули ќе заминат за Франција за да го освојат Монт Блан највисокиот врв во Западна Европа.Деновиве планинарите ги изведуваат финалните подготовски за ова голема планинарска експедиција.

Кумановските планинари се подготвуваат за Монт Блан

 Планинарите поминаа неколку обуки, бидејќи се работи за еден покупен проект кој бара многу кондиција и психо-физичка подготвеност.Главаната обука се реализираше во Белград заедно со српските планинари на покана на клубот Железничар кој ќе биде предводник на експедицијата, која ќе брои вкупно 50 планинари од блаканските држави.Се надевам дека нашите планинари ќе покажат солидни резултати-изјави Мартин Величковски, секртар на Спортско-планинарскиот клуб Козјак.

 Инаку по враќањето од експедицијата од Монт Блан , кумановските планинари ќе заминат на планината Козјак во Далмација, Хрватска. Наредниот месец ќе следува планинарската тура на Олимп во Гција и традиционалното искачување на Кораб, највискиот врв во Макеоднија.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk