Кумановските ракометари први на табелата по победата на Алушевски

14.10.2019 10:33 | KumanovoNews

Кумановските ракометари, на домашен терен,  во новата сезона од петото коло на Првата машка лига извојуваа победа против екипата на Алушевски.

Кумановските ракометари први на табелата по победата на Алушевски

Откако претходно ракометарите забележаа пораз од екипата на Јуниор, овој пат како што најавија од клубот дека се подготвени за победа, ракометрите ја поразија екипата на Алушевски со резултат од 38:25, откако на полувреме беа во водство со резултат од 17-12.

Постигнати голови: Несторовски 2, Денковски 8, Клековски 5, Цветковски 6, Спаиќ 1, Миладиновски 6, Тасевски 6, Стошиќ 1 и Кузмановски 3.

Куманово, на табелата, сега за сега е на првото место пред Прилеп, Македонија Ѓорче Петров и Астраион.

Следниот натпревар, нашите кошаркари ќе го играат против екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk