Кумановските ракометарки победнички во двата натпревари од ВРХЛ лигата

28.10.2019 09:13 | KumanovoNews

Во рамките на Регионалната женска ракометна лига, ЖРК Куманово викендов извојуваа победа и на двата натпревари од второто коло на лигата.

Кумановските ракометарки победнички во двата натпревари од ВРХЛ лигата

Натпреварите беа одиграни на домашен терен, а во првиот меч против ОРК Рудар од Црна Гора завршија со резултат од 29:20.

Првото полувреме од натпреварот, ракометарките го завршија со резултат од 15:9, додека пак во второто полувреме успеаја да достигнат и разлика од 10 гола, за на крајот да завршат со резултат од 9 гола разлика.

Најефикасни во текот на овој натпревар беа Кипријановска и капитенот Александра Боризовска со по 7 гола.

На вториот натпревар, од второто коло, нашите ракометарки, против екипата на ЖРК Зајечар, победија со резултат од 32:25.

"Победа и на вториот натпревар од регионалната женска лига на турнирот на кој што ЖРК Куманово беше организатор. Одлично отворање на второто полувреме на нашата екипа што ни донесе убедлива и заслужена победа"- изјавија од клубот.

Постигнати голови: Јована Кипријановска - 2  гола, Медеа Чокели -  5 гола, Александра Боризовска - 6 гола, Васка Глигоријадис - 3 гола, Леонида Гичевска- 8 гола, Мила Трајковиќ - 5 гола, Ангела Јанкуловска -1 гол, Тамара Ивановска - 1 гол, Ана Шарановиќ  - 1 гол, Катарина Косановиќ -  12 одбрани, Ивана Наумоска - 2 одбрани.

Следниот турнир од регионалната лига ќе се игра во јануари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk