Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставници од Здружението на спортските риболовци „Мак-Дам„ од Куманово, денеска заминаа на Светско клубско риболовно првенство во Полска. Екипата на Куманово ќе ја претставува државата како победник на минатогодишниот куп на Мавровското езеро.
Ние на оваа натпреварување одиме за да се натпреваруваме во спортски риболов, но и на најдостоинствен начин да го претставиме и промовираме нашиот град и убавините на Македонија. На 11 јуни е официјалниот тренинг, додека на 12,13 јуни ќе се одржи натпреварувањето - рече Маријан Вељановски претседателот на спортското риболовско друштво „Мак-Дам„ од Куманово.
Риболивците се задоволни што кумановски клуб ќе се претстави во светски рамки и ќе ги брани боите на Куманово.
Подршка за учеството дадоа Општинскиот сојуз на спортови, Советот на Општината Куманово и градоначалникот. На овој Светски куп на спортски риболовци досега се пријавила 31 земја од стветот што гарантира добро дружење,забавивање и масовна посетеност.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk