Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шахистите од Куманово ги совладаа своите колеги од Прилеп на традиционалниот турнир во шах што се одржа по повод 11 Октомври.
Во натпреварувањето учествуваа 10 шахисти од двете екипи во просториите на шаховскиот клуб „Куманово„, а резултатот беше 28,5:21,5 во корист на домаќините. Најдобар шахист на турнирот е Зоран Илиќ од Куманово со 8,5 победи, а втор Дејан Ѓорѓески од екипата на Прилеп со 7,5 победи. Екипите одиграа по 5 партии.
Двата шаховски клуба се во првата македонска лига и по неколкугодишна пауза, го обновиа турнирот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk