Куп на Македонија: ЖРК Куманово против Гевгелија, МРК Куманово пречекува скопски гигант

16.02.2021 12:31 | KumanovoNews

 Денеска во просториите на РФМ беа извлечени паровите од националниот Куп во машка и женска конкуренција.

Куп на Македонија: ЖРК Куманово против Гевгелија, МРК Куманово пречекува скопски гигант

Кумановскиот женски клуб за противник во Група Г го доби тимот на ЖРК Гевгелија.  Во групата е слободен тимот на ЖРК Пелистер, па место на завршниот Ф4 турнир, Куманово би требало да избори на лесен начин против битолскиот клуб. Настапот во полуфиналето најверојатно ќе биде на 6-ти или 7-ми март.

Машкиот ракометен клуб за противник во првата фаза го извлече скопскиот атрактивен клуб на Металург. Терминот за натпреварот е на 24-ти или 25-ти февруари, каде победниците од сите парови ќе формираат четири групи по 4 екипи.

(Д.Д.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk