Квалитетот на противниците им пресуди на ракометарите

21.04.2012 19:00 | KumanovoNews

Денеска во Спортската сала во Куманово се одиграа два едноподруго плеј-оф натпревари од машката и женската ракометна лига. Женската екипа на Жито Прилеп и машката екипа на Металург убедливо славеа во Куманово.

Квалитетот на противниците им пресуди на ракометарите

Гостинските екипи покажаа квалитет и докажаа зошто се натпреваруваат во европските купови. 

Женскиот ракометен клуб Жито Прилеп доминираше во текот на целиот натпревар, ја демонстрираа својата доминација уште од почетокот на мечот. Резултатот на полувреме беше 8:18 а до крај успејаа да ја зголемат разликата и да постават конечен резултат 20:34.

Екипата на Металург забележа победа против Куманово со реузлтат 23:31. Куманово имаше предност во почетокот на натпреварот, но Металург успеја да стигне и да направи разлика од 6-7 гола која ја одржуваше до крајот на натпреварот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk