Лазаров сепак стрелаше прецизно во последниот обид(видео)

17.01.2012 23:48 | KumanovoNews

Нашиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров постигнал гол во неговиот обид десетина секунди пред крајот на мечот. По прегледувањето на забавената снимка, јасно се гледа дека топката падна зад линијата, а судиите останаа неми при регуларниот гол за Македонија.

Лазаров сепак стрелаше прецизно во последниот обид(видео)

Ја прегледавме видео-снимката и очигледно е дека топката ја мина гол-линијата. Не разбирамкако можеше судиите да не досудат гол во наша корист, тоа е материјално кршење на правилатаи ние веќе поднесовме официјална жалба до ЕХФ. Иако правдата е нашата страна, морам дабидам искрен дека шансите жалбата да ни биде прифатена се мали бидејќи се знае дека многутешко се носат вакви одлуки против Германија - изјави за „Екипа“ Драган Начевски, координатор на македонската ракометна репрезентација.

Очекуваме да видиме која ќе бидне конечната одлука на ЕХФ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk