Леброн Џејмс му донесе победа на Мајами

05.02.2013 10:40 | KumanovoNews

Екипата на Мајами во НБА лигата забележа многу важна победа над Шарлот со 99:94, во натпревар во кој првата ѕвезда нас тимот Леброн Цејмс постигна 31поен со само едно промашување од игра.

Леброн Џејмс му донесе победа на Мајами

Одиграв како што требаше, но во ниеден момент не помислив дека ќе бидам толку многу прецизен-изјави Џејмс по мечот, кого на дуелот го пратеа Крис Бош со 23 поени и Двејн Вејд со 20 поени и 12 скока.

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс. пак  влегоа во негативна серија на резултати откако го претрпеа и тертиот пораз по ред. 
Причината за поразот од Вашингтон може да се бара и во тоа што тренерот Вини Дел Негро настапи без двајцата „Ол старс“ играчи Крис Пол и Блејк Грифин. 
Најдобар играч кај победникот беше Мартел Вебстер со 21 поен, а реализираше пет „тројки“ од шест обиди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk