Лејкерси убедливи против Минесота, но уште далеку од плеј офот

01.03.2013 09:34 | KumanovoNews

ЛА Лејкерс е на чекор да го израмни скорот на добиени и загубени натпревари.

Лејкерси убедливи против Минесота, но уште далеку од плеј офот

„Езерџиите“ утринава пред своите навивачи ја совладаа Минесота со 116:94 и ова за нив беше 29.та сезонска победа наспроти 30.те порази.

Коби Брајант запиша 33 поени, но дури шест играчи имаа двоцифрен ефект, а тројца од нив се играчи од клупата.

И нивните „соседи“ Лос Анџелес Клиперс постигна победа и тоа на гостувањето кај Индијана со 99:91 и притоа ја врати Индијана на третото место во пласманот во Источната конференција.

Победа пред своите навивачи постигна Чикаго во дуелот со Филаделфија со 93:82.

Пласман Источна конференција: Мајами 41-14 (победи-порази), Њујорк 34-20, Индијана 36-22, Атланта 33-23, Бруклин 34-24, Чикаго 33-25,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 45-14, Оклахома Сити 42-15, Лос Анџелес Клиперс 42-18, Мемфис 38-18, Денвер 37-22, Голден Стејт 33-25

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk