Лејкерси во плејофот против Сан Антонио

18.04.2013 08:13 | KumanovoNews

Во НБА лигата се одиграа последните натпревари од регуларниот дел, во кои ЛА Лејкерс го победи Хјустон 99:95 по продолжението и се пласираше во плејофот во Западната конференција.

Лејкерси во плејофот против Сан Антонио

Езерџиите и пред почеток на мечот веќе беа пласирани во плејофот, по поразот на Јута на гостувањето кај Мемфис 86:70. Единствена непозната беше дали ќе бидат 8 или пак 7, дали ги чека дуел со Оклахома или Сан Антонио.

Таа непозната беше решена по дополнителните 5 минути по кои Лејкерс славеше и се избори за пресметка со „мамузите“.

Предводници на победичкиот тим беа Стив Блејк кој имаше 24 поени и 4 асистенции, како и По Гасол кој забележа трипл-дабл, 17 поени, 20 скокови и 11 асистенции. Добар меч за тимот од Лос Анџелес одиграа Двајт Хауард , 16 поени и 18 скокови и резервистот Ентоан Џејмисон кој постигна 16.

Џејмс Харден и Чендлер Парсонс беа најпрецизни кај поразената екипа. Првиот уфрли 30 поени со 8 асистенции, додека Парсонс даде 23 кошеви, вклучувајќи ја тројката со која го одведе мечот во продолжение.

НБА(резултати):

Портланд-Голден Стејт 88:99

Сакраменто-ЛА Клиперс 108:112

ЛА Лејкерс-Хјустон 99:95

Денвер-Феникс 118:98

Оклахома-Милвоки 89:95

Сан Антонио-Минесота 98:105

Далас-Њу Орлеанс 99:87

Мемфис-Јута 86:70

Чикаго-Вашингтон 95:92

Индијана-Филаделфија 95:105

Мајами-Орландо 105:93

Шарлот-Кливленд 105:98

Њујорк-Атланта 98:92

Бруклин-Детроит 103:99

Торонто-Бостон 114:90

Двојки за првата рунда од плејофот:

Источна Конференција:

Мајами –Милвоки

Њујорк-Бостон

Индијана-Атланта

Чикаго-Бруклин

Западна конференција:

Оклахома-Хјустон

Сан Антонио-ЛА Лејкерс

Денвер-Голден Стејт

ЛА Клиперс-Мемфис

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk