Лестер Бо Мекејлеб трет најпосакуван кошаркар во Европа од НБА-менаџерите

24.10.2012 07:25 | KumanovoNews

Лестер Бо Мекејлеб се најде на делба на третото место на најпосакувани кошаркари во изборот на триесетте менаџери во НБА кога станува збор за играчи кои не настапуваат во моментов во таа лига.

Лестер Бо Мекејлеб трет најпосакуван кошаркар во Европа од НБА-менаџерите

Плејмејкерот на македонската репрезентација со 7,7 проценти од гласовите го дели третото место заедно со Димитрис Диамантидис, Дарио Шариќ и Руди Фернандес.

Инаку, на првото место е Хуан Карлос Наваро со 36,4 проценти од гласовите, додека втор е Никола Миротиќ со 11,5 проценти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk